Македонија
25. February 2016 - 16:20

Јолевски: Бројот на војници на јужната граница од 200 ќе се зголеми на 1000 ако има потреба

Армиите од регионот се мобилизираат по најавите за нов бран бегалци од Блискиот исток. Откако Словенија постави своја војска на границата со Хрватска, денеска и Бугарија одобри учество на воените сили во обезбедување на државната граница.

Слични најави има и од Србија која постојано ја следи состојбата на Македонско-Грчката граница. Министерот за одбрана Јолевски вели дека и тие го следат секој чекор на бегалците и зависно потребите засилено ќе се ангажира македонска војска на Богородица.

Засеганатите земји кои се дел од Балканската рута се во постојан контакт и споделуваат информации за бројот на мигранти кои се движат кон полуостровот. Опасноста за присуство на терористи меѓу бегалците не е исклучена и токму затоа босанската министерка за одбрана вели дека е потребна засилена комуникација.

Според последните информации 574 странски државјани во текот на минатиот ден ја поминале грчко-македонската граница. 189 од нив биле Сиријци, 85 државјани на Ирак додека нема ниту една издадена потврда за авганистански жители.