Балкан
21. March 2016 - 11:13

Јоханес Хан денеска во посета на Сараево

Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Сараево, каде ќе се состане со претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и со премиерот на Република Српска, Жељка Цвијановиќ. 

Како што јави Фена, се планира и средба на Хан со министрите за надворешна трговија и економски односи и за финансии и буџет на Бих, Мирко Шаровиќ и Вјекослав Баванда. 

По разговорите Хан ќе одржи прес-конференција.