Балкан
24. February 2017 - 14:48

Јилдирим: Во напад на ИД во Ал Баб убиени двајца турски војници

Двајца турски војници се убиени, а неколкумина се повредени во денешниот самоубиствен напади во сирискиот град Ал Баб, упориштето  „Исламска држава", која вчера беше преземена од сириските бунтовници, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, пренесува БТА.

- Имаше самоубиствен напади против нашите војници, додека тие вршеа патна проверка на влезот на Ал Баб, при што имаме двајца загинати и повредени, посочи Јилдирим.

Нападот е извршен неколку часа откако бомбаш-самоубиец уби најмалку 42 лица во друг напад во близина на Ал Баб.