Балкан
18. October 2016 - 13:14

Јилдирим: Турски авиони учествуваат во ослободувањето на Мосул

Военото воздухопловство на Турција учествува во коалициските воздушни напади во операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од Исламската држава (ИД), изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.

- Нашето Военото воздухопловство учествува во составот на силите на коалицијата. Тоа е одговорот на оние кои велат дека за Турција нема место во операцијата за Мосул, изјави Јилдирим пред пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Турција има несогласувања со ирачката централна Влада, откако турски војници пристигнаа во кампот Башпика во севрен Ирак и за прашањето за тоа кој треба да учествува во операцијата за ослободување на Мосул.