Јилдирим: Турција нема да прифати курдска држава во Ирак
Владата на Турција нема никогаш да прифати постоење на независна курдска држава на територијата на соседен Ирак и нема да се поколеба да преземе соодветни мерки за да го спречи нејзиното формирање, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тој ги повика лидерите на ирачките Курди да се откажат од плановите за референдум за независност на автономниот регон Ирачки Курдистан, додавајќи дека се уште „не е премногу доцна да се откажат од оваа авантура“.
- Одлуката за референдум и неговото одржување е прашање поврзано со турската национална безбедност. Турција е решителна и нема да се колеба да ги оскористи своите права кои произлегуваат од меѓунардоните и билатералните договори поврзани со нејзината национална безбедност, изјави Јилдирим пред седницата на турскиот Совет за национална безбедност, на која ќе бидат разгледани мерките за притисок што ќе ги преземе Анкара, доколку ирачките Курди не се откажат од реферндумот предвиден за 25 септември.
Според турскиот премиер, Турција никогаш нема да прифати промени на сегашните статуси на Сирија или Ирак.
Референдумот за независност на Ирачки Курдистан ќе биде тема на расправа и на утрешната вонредна седница на турскиот Парламент, кој ќе решава и за доделување мандат на Вооружените сили на Турција да интервенираат во Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер