Балкан
21. September 2016 - 22:59

Јилдирим: Турција ќе се спротистави на „нечесното зголемување“ на цените на храната

Турција ја реформира комисијата за храна и ќе дејствува да го спречи „нечесното зголемување“ на цените на храната, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим, и објави низ мерки со цел олеснување на товарот на потрошувачите, јави БТА. 

Јилдирим посочи дека Турција ќе им даде „временски интервал“ на секторите за храна, за да направат баланс на пазарот, но не ги соопшти останатите детали. 

Тој додаде и дека ќе биде зголемен рокот за отплаќање на потрошувачките кредите од 36 на 48 месеци.