Јилдирим: Турција и Израел наскоро ќе разменат амбасадори
Турција и Израел постигнаа договор за нормализирање на односите и двете земји што е можно поскоро ќе разменат амбасадори по шестгодишниот прекин на меѓусебните врски, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тој нагласи дека договорот ќе биде потпишан утре, со што ќе се стави крај на повеќегодишниот прекин на односите, кој беше предизвикан откако израелски специјалци убија 10 турски активисти од бродот „Мави Мармара“, кој се обиде да пробие израелска блокада во Појасот Газа и да достави хуманитарна помош за Палестинците во 2010 година.
Јилдирим потврди дека Израел се согласил да им плати отштета од 20 милиони евра на семејствата на убиените и повредените. Согласно договорот, Турција ќе испрати и хуманитарна помош и други невоени продукти во Газа, а првата испорака од 10.000 тони помош ќе биде доставена следниот петок.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка