Балкан
25. April 2017 - 11:51

Јилдирим: Брисел конечно да се изјасни дали сака Турција да ја види како своја членка

Анкара го повика Брисел конечно да се определи дали Европската Унија сака да ја види Турција како своја членка, изјави турскиот премиер Бинали Јилдерим во интервју за телевизијата Блумберг, посочувајќи дека Европа не се стреми кон исполнување на наметнатите обврски во рамки на договорот со Турција за надминување на миграциските приливи, пренесе ТАСС.

- Ја повикуваме Европската Унија да биде чесна во однос на нашето евентуално членство. За почеток тие треба да се определат дали сакаат да не видат таму. Нека прво тие самите го решат тоа, а потоа и ние ќе ги кажеме нашите планови за приклучувањето, рече Јилдерим.

Според него, ЕУ не ги исполнува своите ветувања за давање финансиска помош на Турција согласно спогодбата за бегалците и не го покренува прашањето за олеснување на визниот режим за Турците.

- Место ветените три милијарди евра ние добивме само 790 милиони, подвлече турскиот премиер.