Свет
20. February 2017 - 13:19

Јемен: Киднапирани 12 членови на Норвешкиот совет за бегалци

Бунтовниците во Јемен денеска киднапирали 12 членови на Норвешникот совет за бегалци, кои работат на пристаништетот Ходеида на Црвеното Море, соопшти јеменскиот министер за локална самоуправа Абдул Ракиб Фат. 

Членовите на Советот, кои се државјани на Јемен, се киднапирани во четвртокот поради сомнеж дека примале и давале помош на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против шиитските бунтовници Хути од март 2015 година. 

Судирот во Јемен се води меѓу коалицијата предоводена од Саудиска Арабија, која го поддржува претседателот Абд Раб Мансур ал Хади и бунтовниците Хути, кои се поддржани од страна на Иран. 

Според податоците на Светската здравствена организација, при борбите, досега во Јемен се убиени повеќе од 7.400 лица, а речиси 40.000 се повредени.