Живот
24. October 2017 - 11:26

Јелена Ѓоковиќ на Инстаграм објави слика на која ја дои својата ќерка пред 318.000 следбеници

Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која ја дои својата ќерка. Младата мајка уште еднаш покажала дека е пример за сите млади жени.

Со оваа фотографија таа дала огромна подршка на сите мајки кои се борат доењето во јавноста да стане нормална раота.

Неодамнешно истражување спроведено во Србија покажало дека во јавноста од Првата светска војна до пред 30-тина години нема ниту една објавена фотографија на мајка која дои.

Бројни познати личности во Србија, се залагаат оваа слика да ја променат во Србија па на своите профили објавуваат фотографии како ги дојат своите деца.