Јавна расправа во Босилово за влијанието врз животната средина на рудникот за злато Иловица
Во Општина Босилово утре ќе се одржи јавна расправа по Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведба на проектот- Површински коп на минерална суровина- бакар и злато на локалитетот Иловица, којашто ја реализира Еуромакс Рисорсис.
Од општина Босилово ги повикуваат заитнересираните жители да присуствуваат на настанот во Културно- едукативниот центар во Босилово.
-Ги повикувам жителите и другите заинтересирани да бидат дел од расправата за овој многу значаен проект за општина Босилово. Изградбата на рудникот треба да овозможи директни и индиректни вработувања. Според светската пракса, на секое едно директно, следуваат три индиректни. Првичните анализи предвидуваат отворање на околу 400 нови работни места, рече градоначалникот на општината, Љупчо Колев.
Студијата е достапна на веб – страницата на Министерството за животна средина, а содржи различни истражувања за тоа какво би било влијанието на проектот врз животната средина на регионот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација