Јапонија распоредува антиракетни системи „Патриот“
Јапонија распоредува свои системи за противракетна заштита „Патриот“, откако Северна Кореја се закани дека ќе лансира балистички ракети, кои над јапонската територија ќе летаат во правец на пацифичкиот остров Гуам.
Регионалните тензии се зголемуваат додека Вашингтон и Пјонгјанг ја зајакнуваат воената реторика, а претседателот Доналд Трамп предупреди дека Северна Кореја „вистински ќе зажали“ доколку изврши каква било непријателска акција против САД.
Јапонското Министерство за одбрана почна да распоредува антиракетен систем ПАЦ-3 во Шиманео, Хирошима и Кочио во западниот дел на земјата, кој би можел да се најде, како што предупреди Пјонгјанг, на патот на прелетување на севернокорејската ракета. Антиракетен систем, според јапонски медиуми, ќе биде распореден и во соседната област Ехима.
Во меѓувреме јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ за да го заштити јапонскиот народ и неговата безбедност и имот.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште