Фудбал
1. September 2017 - 7:58

Јапонија обезбеди пласман на Светскиот куп во Русија 2018

Фудбалската репрезентација на Јапонија е четвртата со обезбеден пласман на Светскиот куп во Русија. Јапонцијат во натпревар од групата Б ја победија Австралија со 2-0 и го заверија учеството на СК 2018.
Пред нив тоа го направија селекциите на Бразил и на Иран, а Русија како домаќин има обезбедено учество.
Ова за Јапонија е шесто учество и е редовен учесник од 1998 година.