Спорт плус
17. February 2018 - 14:43

Јапонецот Ханју влезе во историјата на ЗОИ

 
Јапонецот, Јузуру Ханју влезе во историјата на Зимските Олимписки Игри. 
 
Тој го освои златниот медал во слободната програма во уметничко лизгање,  со што стана носител на јубилејниот 1.000-ти златен медал, откако почнаа да се одржуваат ЗОИ во 1924 година. 
 
Воедно со одбраната на титулата во индивидуална конкуренција и стана прв лизгач кој успеал да освои две последователни злата после Американецот Дик Батон во 1948 и во 1952 година.