Јапонците купуваат скривници, населението на Пацификот се подготвува за нуклеарен напад
САД и Северна Кореја да почнат дијалог за намалување на тензиите е и да престанат взаемно да се провоцираат повикаа претседтаелите на Јужна Кореја и Кина. Но повикот не допира ниту до Вашингтон ниту до Пјонгјанг. И Доналд Трам и Ким Јон Ун продолжуваат со вербалната војна. Севернокорејскиот лидер порача дека следната недела ќе одлучи дали ќе изврши ракетен напад врз американскиот остров Гвам на пацификот, а неговиот американски колега возврати.
Северна Кореја ќе биде во неволја „како што малку земји некогаш биле“ ако не „се приберат“, порача Трамп.
Острата размена на зборови меѓу Доналд Трамп и Ким Јон ун потсетува на исотријата од Првата светска војна вели Поранешниот директор на американската агенција за национлна безбендост Џејм Клапер.
- Се надевам дека луѓето учат од историјата овде и не го повторуваат тоа. Мислам дека сеуште има време за други мерки, санкции и дипломатија, нагласи Клапрт.
Островот Гвам е дом за 160 000 американци. На него е сместена американска воена база во која се наога подморска единица, воздушен полигон и крајбрежна стража.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар