Loading Video...
Свет
11. August 2017 - 18:19

Јапонците купуваат скривници, населението на Пацификот се подготвува за нуклеарен напад

САД и Северна Кореја  да почнат дијалог за намалување на тензиите  е и да престанат взаемно да се провоцираат повикаа претседтаелите на Јужна Кореја и Кина.  Но повикот  не допира  ниту до Вашингтон ниту до Пјонгјанг.  И Доналд Трам и Ким Јон Ун продолжуваат со вербалната војна. Севернокорејскиот лидер порача дека следната  недела  ќе одлучи дали ќе изврши ракетен напад врз американскиот остров Гвам на пацификот, а  неговиот американски колега  возврати.

Северна Кореја ќе биде во неволја „како што малку земји некогаш биле“ ако не „се приберат“, порача Трамп.

Острата размена на зборови меѓу Доналд Трамп и Ким Јон ун потсетува на исотријата од Првата светска војна вели  Поранешниот директор на американската агенција за национлна безбендост Џејм Клапер.

- Се надевам дека луѓето учат од историјата  овде и не го повторуваат тоа. Мислам дека сеуште има време за други мерки, санкции и дипломатија, нагласи Клапрт.

Островот  Гвам е дом за 160 000 американци. На него е сместена  американска воена база во која се наога  подморска единица, воздушен полигон и крајбрежна стража.