Македонија
16. October 2015 - 16:42

Јанева се предомисли - Ги повика обвинителите да не даваат свечена изјава

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема да присуствува на свечената седница на која седумината избрани нејзини сорабтници треба да дадат свечена заклетва. Чекорот на Јанева е во функција на притисок за прифаќање на целиот предложен тим од 14 соработници. Воедно таа ги повика и останатите избрани помошници да не се одзват на поканата за свечената седница се додека не биде избран и преостанатиот дел од тимот.

Во консултација со дел од тимот на јавни обвинители кои се избрани и имајќи го во предвид нивниот став во врска со одлуката на Советот, им препорачувам да не ја прифатат поканата на Советот на јавните обвинители и да не дадат свечана изјава по повод нивниот избор, од причина што таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите,  стои во соопштението на Јанева.

Сепак, овој став на Јанева е дијаметрално спротивен од оној пред само два дена, кога најави дека и со половина тим таа ќе ја почне работата на специјалното јавно обвинителство. Симптоматично е што паралелно и СДСМ ги прекина преговорите во работните групи се додека не биде избран целиот тим на јанева. Тоа денеска и официјално го потврдија.

Политичките аналитичари во целата ситуација повеќе гледаат координираност меѓу одлукуте на СДСМ и Јанева, отколку некаква коинциденција, особено што Јанева за само два дена го промени ставот и сега повикува на бојкот на работата на специјалното обвинителство. Дали и кој и извршил притисок. За аналитичарите идентилчните ставови на специјалната обвинителка и на СДСМ укажува на тоа дека постои очигледна координација, а таквото однесување е како продолжена алатка на опозицијата со крајна цел одлагање на изборите во април.