Македонија
21. September 2016 - 17:55

Јанева одговара на прашања од пратениците

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево во Собранието на Република Македонија рече дека останува на својата изјава за нелегитимноста на Парламентот затоа што, како што кажа, во прислушуваните разговори се утврдиле основи за кривични дела за изборите.

Според Јанева, доведени се во прашање сите изборни циклуси во периодот од 2012 до 2014 година.

Ова искажување на Јанева пред Комисијата за политички систем доведе до бројни реакции на пратениците, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара таа да се повлече од Специјалното обвинителство. 

Јанева одговори речиси на сите денеска поставени прашања од страна на пратениците од оваа Комисија.