Јанева очекува Советот на јавни обвинители да го избере тимот што таа го предложи
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најдоцна до утре ќе ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници. Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план, соопшти денеска Канцеларијата на Јанева.
- Воедно е изразено уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители, се наведува во соопштението.
На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.
Кандидатите во најголем дел се од Куманово, Тетово и Скопје, а еден е од Обвинителството за организиран криминал.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи