Македонија
14. January 2016 - 17:31

Јанева до новинарите: следете ме на Фејсбук

По неколку месечна изолација Катица Јанева денеска конечно се појави во јавноста за да му го одложи судењето на Заев, но повторно избегна да одговори колку прислушувани разговори и предаде обвинетиот во случајот Пуч и зошто за тоа не составила записник, како што налага законот. Одговорот на прашањето кое Сител и го поставува веќе 15 дена Катица Јанева ни порача да го прочитаме на facebook.

Скандалот во кој Катица Јанева го заплетка Специјалното Јавно обвинителство се најде и пред Советот на јавни обвинители. Институцијата која е задолжена да ја контролира нејзината работа потврди дека обвинителката направила пропуст и најави дека својот став ќе го изнесе во текот на наредната недела
Обвинителите со кои контактираше Сител се сомневаат дека пропустот на Јанева не е резултат на нејзината нестручност и краен аматеризам. Според нив, поголема е веројатноста Јанева да не составила Записник за да му овозможи на лидерот на СДСМ да продолжи со политичките манипулации и да може и понатаму со прислушуваните разговори да им се заканува на разни политичари и бизнисмени како начин да изнуди поддршка за априлските избори.
Покрај ова, отсуството на Записник на Заев ќе му овозможи да продолжи да тргува со снимките, како што беше случајот со Фабриката за афери на СДСМ каде прислушуваните разговори во компјутерот на Чаушот им биле нудени на разни криминални структури од земјата и регионот.