Балкан
23. February 2017 - 17:03

Јана (21) заработува 3 месечни плати за еден ден - ова е тајната за нејзиниот успех!

Многу девојки сонуваат да бидат кралици на модните писти. Сите тие се исклучително убави, прекрасно облечени, познати, постојано патуваат, а што е најважно - добро заработуваат. Меѓутоа, милионските заработки на светските модели, се далеку повисоки од оние во нашиот регион.
 
Освен за неколку од нив кои се навистина успешни, за повеќето девојки манекенството е дополнителен хонорар и тешко дека може да се живее од тоа.
 
- Се зависи од клиентите кои не ангажираат и од тоа дали сме таму преку агенција или директен договор. Ревиите се плаќаат по 5.000 - 10.000 динари, а странците плаќаат и до 15.000, - вели Јана Лојаница (21) од Белград која со години е во овој бизнис.
 
Работата кај нас и во странство навистина не може да се спореди, а уште поголем проблем е што на многу мал простор има голем број убави девојки.
Понекогаш девојките наместо пари, добиваат надоместок во облека од последната колекција.
 
- Во манекенството е специфично тоа што за еден ден може да заработите три месечни плати, а потоа некое време да останете без работа. Најдобро платени се појавувањата во ТВ реклами или музички спотови. За два дена снимање, девојките земаат и до 500 евра, - додава Јана.
 
Јана смета дека од манекенството во Србија може да се живее, доколку интензивно се работат две до три работи неделно.
- Тоа е можно само во Белград, бидејќи овде има највеќе клиенти и настани, заклучува Јана.