Фудбал
24. July 2017 - 12:53

Јамајка се пласира во финалето на „Голд Купот“,

 
 
Репрезентацијата на Јамајка е вториот финалист на фудбалскиот „Голд Купот“, односно КОНКАКАФ првенството на Северна и Централна Америка. 
 
Селекцијата на Јамајка во вториот полуфинален меч на ова натпреварување што се одржува токму во САД го победи актуелниот бранител на трофејот од пред две години Мексико со 1:0. 
 
Стрелец на победничкиот гол за Јамајка беше Кемар Лоренс на две минути пред крајот (88) од слободен удар. 
 
Во финалето Јамајка за противник ќе го има домаќинот селекцијата на САД која во полуфиналето ја елиминира Костарика со 2:0. 
 
Финалниот меч на „Голд Купот“, ќе се игра во четврток наутро во 3.30 часот о македонско време.