Бизнис
26. July 2015 - 17:34

Јачменот во амбарите - Се чекаат подобри цени

Земјоделците го складираа јачменот по амбарите и ќе чекаат повисока откупна цена во зимскиот период кога овците ќе се вратат во бачилата и ќе се зголеми побарувачката. Актуелните 8 и 9 денари за килограм јачмен не се доволни за да се покријат трошоците за производство. Од друга страна и падот на цената на месото во летниот период го прави нерентабилно одгледувањето на свињи и говеда и според моменталните цени на сточната храна.

Сега откупната цена на свињите „жива вага“ е 70-75 денари, а производната цена е 80 денари. Значи ние по оваа цена 8,5 и 9 денари на јачменот правиме негатива.- изјави Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Р.М. 10,20- 10 -35

Земјоделството функционира по принцип на поврзани садови. Доколку поледелците ја покачат цената на сточната храна, сточарите работат не рентабилно, што во крајна мера води кон намалување на сточниот фонд. Но, од друга страна конечното дефинирање на цената не се врши во национални рамки.

Цените се формираат независно од нас, од нашите потреби, желби и производство. Се се формира врз база на светските берзи. Коклку се поблизу државите каде се произведува сточна храна, цената е слична.-додава Шаклев

Излезот од оваа мат ситуација која трае со години е во внимателно следење на иновациите во земјодеслкото производство на европско ниво и нивно имплементирање кај нас, што би довело до драстичнио зголемување на квалитетот и квантитетот на македонскиот производ. За таа цел потребна е поголема едукација на земјоделсците и навремено аплицирање за диостапните средства од евриопските фондови.