Ја возел мајка му (70) за Германија: Цариникот и наредил да излезе и да ги соблече гаќите по што веднаш повикал засилување
Во раните утрински часови на граничниот премин Градина, српските цариници во соработка со граничната полиција спречиле пренос на непријавени девизи во износ од преку 260.000 евра.
Се почнало кога за редовна царинска контрола се пријавил 30-годишен германски државјанин со турско потекло. Тој возел мерцедес со германски сообраќајни таблички. Во колата имало два сопатника, 70-годишна жена со турско потекло која немала германски документи и нејзиниот 35-годишен син, германски државјанин.
Иако патниците изјавиле дека немаа ништо да пријават за контрола, за време на деталниот преглед на автомобилот, во женската кожна торба која се наоѓала меѓу возачкото и совозачкото седиште, пронајдени се пари со вкупен износ од 125.000 евра, замотани во алуминиумска фолија.
Тоа било доволна причина за личен преглед на 70 годишната патничка, кај која во гаќите и се пронајдени уште 141.400 евра.
Со оглед на тоа што возачот изјавил дека нема никаква поврзаност со пронајдените пари, како и тоа дека не знаел за носењето на парите од неговите сопатници, на мајката и синот им се вратени по 10.000 евра. Остатокот од парите е задржан до завршувањето на прекршочната постапка, која во овој случај ќе биде спроведена со итна постапка бидејќи се работи за странски државјани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација