Џет-Сет
14. March 2017 - 20:20

Ја совладаа емоции: Тијана се расплака среде емисија, еве зошто

Македонската пејачка со српска адреса Тијана Дапчевиќ ја совладаа емоции во емисијата „Никогаш не е доцна“.

Еден од натпреварувачите кого водителите и членовите на жирито го викаа „чичко Џони“ ја запеа песната „Село моје крај Мораве“ која кај присутните предизвика многу емоции.

Тијана Дапчевиќ беше слаба на оваа „двојка“, па се расплака кога Џони заврши со пеењето.

-Па ...Шумадија - рече Саша Милошевиќ Маре како забелешка на плачењето на Тијана и ги насмеа сите во студиото.