Живот
19. September 2017 - 21:13

Ја силувал близначката на својата девојка: Неговото образложение го растури семејството

Момче ја силувало сестрата близначка на својата девојка, а потоа во полиција рекло дека тоа е случај на погрешен идентитет, се слушна во судот.

Напаѓачот (24) сега е затворен откако е пријавен случајот. Вчера е осуден на 4 години затвор по сите поединечни точни за силување и непримерен напад во Мелбурн, Австралија.

Нападот го растури семејството и близначките повеќе не зборуваат меѓу себе. На судот се слушна дека жртвата неодамна ја раскинала врската и се отселила со својата сестра и нејзиното момче.

Додека таа и момчето биле сами во куќата, влегол во нејзината соба и ја силувал.

Потоа ја повикал својата девојка и пријавил дека нејзината сестра го нападнала.

Исто така им рекол на полицајците дека тоа со ништо не го испровоцирал.

Потоа ја сменил приказната и рекол дека е „збунет“ зошто жртвата и неговата девојка се идентични.

Судијата во окружниот суд Фелисите Хампел рече: „Бизарно е да разговарате со (жртвата) за неа и нејзината прашања и да одговарате повеќе од час време.

Таа била во својата соба, а не во онаа која ја делел со својата девојка“.

На судот се слушна и тоа дека жртвата на силуваето повеќе пати се обидувала да се самоубие.