Џет-Сет
21. January 2017 - 14:46

Ја претепале и ја оставиле во запален автомобил - Ужасни детали за смртта на познатата пејачка

Бразилската полиција соопшти дека тројца мажи се уапсени под сомнение за убиство на познатата пејачка чиј хит „Ламбада" сите го пееме, Лоала Браз Вивиера.

Последните информации беа дека таа била пронајдена во нејзиниот автомобил кој горел, но обдукцијата на телото покажала дека три момчиња на возраст од 23, 21 и 18 години, се обиделе да го ограбат домот на пејачката, таа пружила отпор, а тие ја убиле брутално со нож. 

Тие ја претепале со тврди предмети по целото тело, ја избоделе со нож, па ја ставиле во автомобилот и ја запалиле.

Дрвените тврди предмети и ножот биле пронајдени во близина.

Казната за ова дело е до 30 години затвор.

Да се потсетиме на најголемиот хит на пејачката...