Живот
8. November 2017 - 11:25

Ја повикал на вечера, па доживеала невиден хорор: Овој Ханибал ја претепал, ја давел и го одгризал носот и ушите

Анатолиј Езхков (45) ја повикала Ирина Гончар на вечера откако се запознале на интернет. Но романтичната вечера се претворила во пекол за 41-годишната медицинска сестра од рускиот град Курган.

Езхков прво ја претепал несреќната жена, а потоа се обидел да ја задави, а потоа почнал вистинскиот хорор.

Двајцата пиеле алкохол, Езхков бил и на дроги. Кога не успеал да ја убие, монстурмот Ирина ја врзал и со заби и го одризал носот, ушите и врвовите на прстите.

Мачењето траело четири часа, вели семејството на жртвата. Иако го слушнале врескањето на Ирина, соседите не реагирале, зошто велат навикнале на тоа зошто таму живеат многу алкохоличари.

Ирина завршила во болница со потрес на мозок, скршени ребра и други тешки повреди, а Анатолиј бил уапсен од полицијата, па пуштен со кауција. Тоа предизвика бес во јавноста и во семејстовото на Ирина.

Полицијата само го потврди инцидентот но не сакаа да коментираат.