Македонија
14. November 2017 - 13:40

Ја оставил маздата и продолжил да бега со трчање: Еве што најде полицијата во неа

Вчера во 21,15 часот на регионалниот пат Неготино- с.Лакавица, во близина на Неготино кај место викано„Полигон“, од страна полициски службеници од Полициска станица Неготино, бил даден знак за запирање на возило „Мазда“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, при што возачот ја зголемил брзината на движење.

По поминати околу осум километри, возачот го запрел возилото и избегал со трчање. 

Во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, државјани на Пакистан.

По консултација со Јавен обвинител, две од лицата- мигранти ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци- Скопје, а останатите ќе бидат вратени во Р.Грција.