Македонија
21. July 2017 - 13:33

Ја крена на нозе полицијата на Табановце - Криминалец од граница го спроведоа во затвор

Вчера во 17,55 часот во Полициска станица Табановце, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеник лишен е од слобода М.Р.(28) од с.Сарај-Скопје, затоа што при проверка утврдено е дека бил
евидентиран на СТОП Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и три дена за сторено кривично дело „тешка кражба“.
 
Во 19,35 часот со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.