Свет
16. November 2017 - 21:44

Ја изградил најтенката зграда во светот за објектот на брат му да нема поглед на море

Најтенката зграда во светот се наоѓа во главниот град на Либан, Бејрут. Ја нарекуваат и „Лутата зграда“ поради приказната која стои зад нејзината изградба.

Двајцата браќа го наследиле плацот од нивниот татко, но делот на едниот бил драстично намален заради изградба на улицата. Но, сопственикот уште во 1954 година на малиот дел од земјиштето кој му останал, ја изградил оваа тенка зграда, само за да го блокира погледот на објектот зад него, односно за зградата на неговиот брат да нема поглед на море.