Бизарно но вистинито
20. January 2016 - 14:33

Ја фатила љубовницата на нејзиниот сопруг ја влечела за коса и ја фрлила од мост!

Видео снимка од брутална пресметка на две жени поради еден маж се појави на социјалните мрежи. Видеото е снимено во Бразил а се гледа како жената прво вербално ја напаѓа љубовницата на својот маж, а потоа тргнува брутално да ја претепа. Љубовницата пробува да се одбрани од нападот, но не успева во тоа, па грчевито се држи за вратата на зградата.
 
Откако љубовницата и задала неколку силни удари во глава, разбеснетата сопруга ја фатила за коса и тргнала да ја влече по улиците на градот. Никој од минувачите не реагирал на молбите за помош на љубовницата. Кога ја довлечкала до мостот, разбеснетета сопруга со помош на пријателката ја фрлила претепаната жена во водата.