Бизнис
5. September 2017 - 19:58

Извозот се топи - за еден месец е намален за над 50 милиони евра

Голем пад на извозот во јули годинава. За 12 отсто e намалена  вредноста на извезените стоки споредено со јуни, односно за близу 52 милиони евра. Статистика нотира дека во седмиот месец, споредено со истиот месец лани извозот се намалил за 5,6 отсто. И увозот во јули споредено со јуни годинава се намалил за скоро 5,2 милиони евра.

Додека се намалува  извозот во кој најголем удел имаа фабриките од зоните, опозицијата денеска пред ТИРЗ обвини дека власта се откажува од 60 инвестиции и над 25 000 работни места.

- Зад бркањето на странски инвеститори, стојат бизнис интереси на владата на СДС. Тие на тој начин сакаат да го спречат покачувањето на платите во фирмите на нивните бизнис олигарси. Кога би имало повеќе фабрики кои ќе инвестираат од страство ќе има помалку невработеност, поголемата вработеност ќе значат и повисоки плати за работниците. Тоа не го сакаат бизнис олигарсите на СДС.

Кумулативно пак  извозот за 7 месеци од годината изнесува 2 милијарди 781 милион евра што е за 13, 7 % повеќе  од истиот период лани. Увозот за истиот период пораснал за 10 отсто споредено со минатата година и изнесува 3,782 милијарди евра.

Трговскиот дефицит со тоа надминува милијарда евра односно покриеноста на увозот со извоз е 73,5 %.

Од земјава како и досега најмногу се извезуваат делови за автомобилската индустрија а најмногу се увезуваат легури на платина, нафтени масла и ел. Енергија.