Свет
29. January 2016 - 18:59

Извлечени четворицата преживеани рудари по 36 дена

Четворицата преживеани рудари извлечени се денеска по 36 дена поминати под земјата.

Тие се извлечени на сигурно од рудникот за гипс во провинцијата Шандонг на истокот на Кина, јави Би-Би-Си.

Кинеската телевизија ЦЦТВ емитуваше драматични снимки од првиот рудар кој излезе на површината на земјата, по што е одвезен во болница.

Рударите беа затрупани кога рудникот се урна на 25 декември. Спасувачите откриле први знаци на живот на 30 декември, наведува Синхуа.

Еден е прогласен за мртов, додека судбината на останатите и натаму е непозната.

Во операцијата учествуваа над 400 спасувачи и работници на итна помош, кои неколку недели копаа тунел до преживеаните рудари, а вода и течност им доставуваа низ пробиената тесна дупка.

Денеска рударите се извлечени еден по еден, со помош на специјално направени капсули.