Бизнис
26. July 2017 - 8:42

Извештај: Во Ер Франс-КЛМ постои внатрешен судир меѓу менаџерите

Интерен извештај протече од авио-компанијата Ер Франс – КЛМ и покажа длабоки несогласувања, па дури и нетрпеливост меѓу францускиот и холандски персонал.

Холанѓаните сакаат само профит, Французите ја вода целата компанија во пропаст, се само дел од наодите од интерната анализа на доносите меѓу вработените во авио-компaнијата Ер Франс – КЛМ.

Документот покажува дека компанијата е речиси „неуправлива“ поради меѓусебното несогласување и потценување, а забележана е дури и дискриминација „по национална основа“.

Според Гаријан, еден од зклучоците од извештајот е дека француските вработени ги сметаат своите холандски колеги за лица на кои им е битен само профитот додека Холанѓаните ги оценуваат Французите како резервирани луѓе кои поради своите интереси ја ризикуваат иднината на целата компанија.

Истражувањето е спроведено на 50 менаџери од компанијата која се спои пред 13 години.

Менаџерите од Ер Франс сметаат дека тие работат во интерес на целата група, додека менаџери од КЛМ сакаат само квалитет само за холандскиот дел од компанијата. Француските менаџери тврдат и дека холандските менаџери се сметаат себеси за попрофесионални од Французите и се со „дигнат нос“, се вели во извештајот.

Холандските менаџери тврдат дека француските колеги само гледаат како да ја задржат работата во Ер Франс. Холанѓаниоте не веруваат во силата на француската економија и Ер Франс го гледаат како „темпирана бомба“.

Врв на тензиите е видлив во фактот дека холандскиот персонал во париското седиште го плаќа ручекот во кантината 10 евра, додека за француските вработени оброкот е само четири евра. Од компанијата порачуваат дека извештајот заклучува оти постојат културни разлики и дека различните визии понекогаш предизвикуваат потешкотии.