Џет-Сет
7. December 2017 - 18:02

Израснал како сиромашно момче и бил молер: Денес полни 70 години, боледува од рак, а живее во скромна куќа покрај море

Легендарниот хрватски музичар и еден од најомилените пејачи на Балканот, Оливер Драгојевиќ денеска слави 70-ти роденден.
 
Се родил во Сплит на 7. декември во 1947 година, а детството го поминал во Велика Луца на Корчула.
 
Музичарот во музиката се заљубил уште какодете кога татко му му подарил усна хармонка. Но, не отсекогаш сонувал да стане пејач.
 
-Кога бев мал бев сиромашен, а со мене на училиште одеше синот на месарот. Една девојка Хајди се заљуби во него, бидејќи ѝ носеше шницли. Затоа сакав да бидам месар, да ѝ донесам барем полнети пиперки-изјавил Оливер.
 
 
Тој во младоста работел и како молер и му помагал на својот чичко, но поради физичкиот напор тој брзо се откажал од тоа.
 
И покрај славата која брзо ја стекнал со своите хитови, Оливер секогаш живеел скромно во својата куќа на море, далеку од гламурот.