Израелските власти им забранија влез на помладите мажи во Стариот град на Ерусалим
Израелската полиција денеска им забрани на муслиманските мажи под 50 години да влегуваат во Стариот град на Ерусалим за време големата петочна молитва.
Забраната е поради силните тензии за Храмот на ридот (Плоштадот на џамиите во Стариот град на Ерусалим).
- Влегувањето во Стариот град и во Храмот на ридот ќе биде забрането за мажите под 50 години. Додека влезот на жените ќе им биде дозволен, се посочува во полициското соопштение.
Палестинците не го одобруваат минатонеделното поставување на детектори за метали на влезовите на Храмот на ридот. Тоа беше одобрено откако беа нападнати израелски полицајци минатата недела.
Поради детекторите за метал муслиманските верници одлучија да не одат на молитва на Плоштадот на џамиите и стотици Палестинци од неделата се молат во Стариот град, каде секојдневно има судири со полицијата.
Храмот на ридот или Плоштадот на џамиите се наоѓа во Источен Ерусалим, палестинскиот дел од градот, анектиран од Израел, кој го контролира пристапот, но со објектот управува Јордан.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо