Свет
24. March 2017 - 8:59

Израелски војници убиле малолетен Палестинец и раниле тројца на Западниот брег

Шеснаесетгодишен Палестинец е застрелан и тројца други Палестинци се тешко ранети синоќа од израелски војници на Западниот брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Министерството не даде детали за насилствата во близина на палестинскиот бегалски камп Џалазун.

Портпаролка на армијата на Израел рече дека војници пукале врз Палестинци кои фрлале молотови коктели врз еврејско село. Таа не потврди дека има загинати Палестинци.