Израелската влада го одобри договорот за експлоатација на природен гас од Средоземно Море
Израелската влада вчера го одобри договорот, во кој учествува и американскиот конзорциум „Нобл Енерџи“, за експлоатација на израелските резерви на природен гас во Средоземно Море, соопшти канцеларијата на премиерот.
Договорот става крај на спорот, што ја забави експлоатацијата на природниот гас, од кој Израел очекува значителни економски и стратешки добивки.
- Овие пари ќе се насочат во образованието, здравството, социјалната безбедност и други сфери, важни за земјата, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Нобл Енерци“ и израелската компанија „Делек груп“ го експлоатираат заедно од 2013 година наоѓалиштето на гас Тамар, на 80 километри од брегот на Хаифа. Конзорциумот во следните две години треба да инвестира 1,5 милијарди долари за развој на најголемото наоѓалиште на гас во Средоземно Море Левијатан, на 130 километри од Хаифа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо