Свет
23. January 2017 - 13:02

Израел: Трамп одлучен за преселувањето на Амбасадата во Ерусалим

Градоначалникот на Ерусалим, Ник Баркат изјави денеска дека администрацијата на Трамп е сериозна во намерата американската Амбасада да се пресели од Тел Авив во Ерусалим.

Баркат вели дека од разговорот со новата администрација во Вашингтон добил впечакот дека „се сериозни во своите намери“. 

Тој за израелското Воено радио изјави дека Амбасата не може да се премести за еден ден, што значи дека преселувањето ќе трае одредено време.