-->
-->
Израел нападна две позиции на Хамас како одговор на палестинските проектили од Појасот Газа
-->
Израел нападна две позиции на движењето Хамас, откако од Појасот Газа беше истрелана ракета во јужен Израел, соопшти израелската армија.
-Го сметаме Хамас за одговорен за непријателската активност извршена против Израел од Појасот Газа, напиша израелската армија на Твитер.
Претходно, израелска телефонска апликација која предупреди за ракетни напади објави дека неколку проектили од Појасот Газа биле истрелани врз неколку локации во Израел.
Сигналите за известување за ракетен оган беа активирани денеска на две места во Израел, соопшти израелската армија.
Ракетниот оган е во контекст на регионалните тензии поради признавањето на Ерусалим за престолнина на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024