Свет
23. јуни 2017 - 14:17

Израел им плати отштета на семејствата на жртвите во нападот на турскиот брод

Израел им исплати 20 милиони долари на семејствата на жртвите во израелскиот напад во 2010 година врз турски брод, кој превезувал хуманитарна помош, изјави турскиот министер за финансии, Наџи Агбал.

Во тој напад загинаа 10 лица.

- Исплатена им е компензација на семејствата на оние кои го загубија животот во нападот на бродот „Мави Мармара“, истакна Агбала.

Исплатата ќе биде поделена меѓу десет семејства.