Свет
19. March 2018 - 12:06

Израел: Французин криумчарел оружје за Палестинци

Француски државјанин вработен во генералниот Конзулат на Франција во Ерусалим е уапсен поради сомневање за шверц со оружје за Палестинци, соопшти израелската полиција.

Ромен Франбк користел возило на Конзулатот за да ги избегне израелските безбедносни проверки, пренесувајќи 70 пиштоли и две полуавтоматски пушки преку преминот Ерез на границата меѓу Израел и Појасот Газа во окупираниот Зпаден брег.

Полицијата тврди дека осомничениот во најмалку пет случаи шверцувал на таков начин оружје за Палестинците. Франк е уапсен во рамките на истрагата за палестинската мрежа што шверцувала оружје.