Живот
9. September 2015 - 9:48

Измислил градник за природно зголемување на градите - Еве го резултатот!

Милан Милиќ (30) создаде посебен Е Bra вибрирачки градник за кој тврди дека природно може да ги зголеми женските гради по само недела дена користење. Поранешниот студент по инженерство започнал да ги истражува алтернативните начини за зголемување на градите откако неговата девојка му рекла дека сака поголемо деколте.

Неговиот патент досега е тестиран од неколку жени во Европа и од две жени од Америка кои велат дека вибрирачкиот градник е ефикасен и навистина им ги зголемил градите. Четириесет и девет годишна жена од Мајами вели дека нејзините гради се зголемиле од B во C корпа, по користење на градникот 15 минути на ден во текот на една седмица.

Пластичниот хирург Мајкл Салцхер ги анализирал резултатите од носењето на градникот на пациентката Сабрина Молинар и потврдува дека навистина постои зголемување.
- Се чувствувам поинаку и сè уште не сум се навикнала на нив. Ова е дефинитивно промена за мене, вели Молинар.
gradi1
Милиќ започнал да го дизајнира вибрирачкиот градник пред 2 години, кога неговата девојка Јелена посакала поголеми гради, но се плашела дека по операцијата ќе има лузни на телото.
- Таа не сакаше во своето тело да има вештачки материјал, а освен тоа операцијата беше мошне скапа. Па, затоа започнавме да истражуваме како може да ги зголеми на друг начин. По истражувањето го направивме првиот прототип на новиот градник, објаснува тој.

Јелена била првата што го испробала градникот, по што и двајцата биле просто воодушевени од резултатите.
- На почетокот мислевме дека резултатите ќе бидат забележливи по два или три месеци, но потоа увидовме разлика само по 2 дена. Тогаш сфативме дека сме направиле нешто големо. По 7 дена градите и се зголемија за цел број. Треба да го носите градникот 5 минути, три пати на ден и за недела дена градите ќе ви се зголемат за еден број, тврди српскиот пронаоѓач.

Сепак, Милиќ не сака да открие детали за технологијата што се крие зад неговиот вибрирачки градник бидејќи тој и неговата девојка допрва треба да основаат компанија што ќе се занимава со производство на Е Bra.