Свет
8. November 2016 - 17:27

ОН: Изминатите пет години најтопли досега

Во изминатите пет години било најтопло откако се мерат температурите, а проценките на Светската метеоролошка организација (WMO) за оваа година се дека ќе биде уште потопла.
 
Деталните анализи на Организацијата се очекуваат идната недела.
 
- Во изминатите пет години смртоносниот топлотен бран и ураганите станаа се почести и поинтензивни, а регистрирано е и зголемено влијание на луѓето врз глобалното загревање, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.
 
Според неа, повеќе од половината временски случувања од 2011 до 2015 година биле поврзани  со „човечки отисок“.