Бизнис
19. September 2017 - 19:40

Измени за повеќе закони за решавање на урбаниот хаос

Ќе се спречи ли градежниот хаос во општините.? Надлежните најавуваат измени на повеќе закони, кои најверојатно ќе ги дадат првите ефекти после една година. Министерот за транспорт и врски најави полесна постапка за добивање на дозвола за градба. Намалени процедури и трошоци за граѓаните и фирмите. Потенцираше дека ќе се менува и казнената политика односно глобите за градежниците ќе бидат помали. Со ова се очекува да се намали притисокот и да се создаде дисциплина..Измени се најавуваат и во законот за просторно и урбанистичко планирање. Ќе се утврдува во колкав процент ќе биде зеленилото.

Од градежниот инспекторат велат дека општините си земаат за право да издаваат одобрение за градба за објекти за кои што немаат надлежност, а потоа не постапуваат врз основа на поплаките од граѓаните. Државните инспектори имаат проблем со овластените градежни инспектори пода капа на општините.

- Со претстојните измени сакаме да воспоставиме многу поцврста врска помеѓу Државниот градежен инспекторат и овластените градежни инспектори кои често си земаат за право да постапуваат од лични интереси и од интереси на оној кој им е претпоставен, односно градоначалниците. Тие земаат плата од општините и многу малку или несериозно ги сфаќаат препораките од нашите инспектори, нагласи Мицевски

Од Министерството за животна средина ќе се залагаат за издвојување на просторното планирање во посебен закон и во иднина да не се прават чести измени на просторниот план. Заменик министерот посочи дека зеленилото и површините се дефинирани со планот но најчесто се злоупотребуваат од општините си ДУП.

Сите законски решенија кои ќе се донесат во следниот период според надлежните треба да ја подобрат бизнис климата и да го спречат урбаниот хаос.