Македонија
13. July 2017 - 16:46

Измамените студенти не биле единствени кои биле излажани од агенцијата Венера Кеналовски

По стотината измамени студенти за вработување во Германија , се јави и оштетен жител на Куманово.

Агенцијата за посредување Венера Кемаловски од Штип му ги земала парите на Велибор со ветување дека ќе го испратат во германскиот град  Херфорд да работи во познатиот ланец сендвичари Бургер Кинг.

Велибор требало да замине  уште на 20 јануари но откако уплатил дел од предвидената сума за посредување, со агенцијата не можел да воспостави никаков контакт.  

Пред камерата на Сител ги презентираше сите документи кои ја докажуваат големата измама на Агенцијата Венера Кемаловски .

Кумановецот ја жртвувал својата работа како комерцијалист а го продал и својот автомобил за да извади виза.  Надевајќи се дека ќе оствари поголема заработувачка во Германија, не жалел ниту за патните трошоци до Штип, уплатите за интервју за работа за кое бил измамен.

Сител се обиде и денеска да добие одговор од агенцијата Венера Кемаловски но на посочените телефонски броеви никој не одговара.

Венера Кемаловски ги урна соништата на стотина студенти кои останаа и без работа и без пари. Големата лага за прв пат излегла на виделина на 15 минатиот месец, кога требало да замине првата група студенти во Берлин, но останале дома под изговор од Венера Кемаловски, дека се уште не им се изготвени работните дозволи. На повеќемината интервју им било направено во Штип каде е главното седиште на агенцијата, за кое платиле и не добиле фискална.

Агенцијата Венера Кемаловски ги мамела да платат за обичен разговор кој наводно требало да биде тестирање за познавање на странски јазик а потоа и со интервју за работа со наводно работодавецот од Германија кој никој не го видел. 

На дел од студентите им било побарано да ја уплатат целосната сума за посредување која чинела 500 евра, други пак уплатиле само една рата и добиле белешка од каса прими без печат на посредничката фирма.

Случајот од денеска  е пријавен  во  надлежните институции.