Измама каква што досега немало во Скопје - нема да ви се верува како на лесен начин му одзеле 53.000 денари
Измама каква што до сега се нема случено, скопјанец оштетен за 53.000 денари. Според информациите на МВР, вчера во 17.00 часот С.М.(68) пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на ул. „Македонски војски“, во паркот Ѓорче Петров, од страна на две лица му била извршена измама и бил оштетен за 810 евра и 4.000 денари. Имено, сторителите измамата ја извршиле на тој начин што се расправале меѓу себе поради наводна случена сообраќајна незгода помеѓу нив. Едниот од нив се претставил како израелски државјанин кој во Република Македонија работи како бизнисмен и дека треба на другото лице да му исплати 50 евра штета за собраќајката, но не му верувал дека во Македонија се користат евра. Двајцата сторители на оштетениот му побарале да донесе евра за да се увери израелскиот државјанин дека се користат во Македонија. По ова С.М. отишол дома и со себе земал 810 евра во различни апоени и откако се вратил, му ги покажал на сторителот кој се претставувал како израелски државјанин. Во тој момент на оштетениот му понудиле златна алка која наводно чинела 10.000 евра за да им ги даде сите пари кои ги имал за сторителите да отидат до возилата за да земат пари за наводната оштета. На оштетениот исто така за услугата му ветиле 500 евра подарок, на што С.М. се согласил, им ги дал парите и ја земал алката.
Откако сторителите си заминале оштетениот извршил проверка кај златар на алката и било констатирано дека се работи за обична бижутерија.
Со извршената измама сторителите се здобиле со против правна имотна корист од 53.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон