Македонија
4. September 2015 - 8:40

Изложба за завршување на годинашното Прилепско културно лето

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба на дела од 8. ликовна колонија Дрен со што и официјалнозавршува годинашното Прилепско културно лето.

Изложени ќе бидат делата што ги создадоа учесниците на колонијата, Александра Ацеска, Марјан Стојаноски, Мирјана Бубевска, Сергеј Дамовски, Тони Чатлески и Владимир Кнежевиќ од Македонија, Сречко Здравковиќ, Драгица Алексиќ, Весна Вучичевиќ и Јелена Младеновиќ од Србија, како и Марија М. Крившинко од Русија  и Емине Токмакај од Турција.

Колонијата се одржа од 13 до 20 јули годинава во манастирот „Св. Илија“ во село Дрен.