Македонија
1. December 2016 - 8:27

Изложба „Турска современа фотографија“ во Чифте амам

Во галеријата Чифте амам вечер ќе биде отворена изложба „Турска современа фотографија: 10 автори - 10 мотиви“ чиј куратор е познатиот турски фотограф и археолог Туна Акчај.

Изложбата ја организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје во соработка со Фотосојузот на Македонија и за посетители ќе биде отворена до  8 декември.

Десеттемина турски автори на изложбата во Чифе амам ќе се претстават со по шест фотографии.